
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив
ALKALOID UK LIMITED, соопшти компанијата на Македонска берза.
Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.
„Имајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на Алкалоид донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. Со ова Алкалоид продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција“ стои во образложението.
„Алкалоид“ е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.