Починато лице пронајдено во неговиот дом во Гевгелија

Во ОВР Гевгелија, вчера во 16.15 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Димитар Влахов“ бил пронајден починат В.В.(58).

Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.