Др Лазаров: Наместо да се фокусира на снабдувањето со вакцини, Филипче троши енергија на партиски настани и агенди

Требаше многу порано и поагресивно да се набават вакцините против коронавирусот и, второ, катастрофалната грешка е што со резерва ја земеме руската и кинеската вакцина, оцени во вечерашното издание на дебатната емисија „24 анализа“ гостуваше матичниот лекар Ненад Лазаров, кој се осврна на моменталната здравствена состојба во земјата, како и на набавката на вакцини која се очекува веќе долг период да пристигне во државата.

Лазаров потенцираше дека Владата имала долг период од речиси една година за да го испланира набавувањето на вакцините, односно министерот Венко Филипче да ги земе работите во свои раце многу порано.

„Во овој момент, Македонија е далеку од вакцините, иако се најавуваат дека штотуку не стигнале. Пример за тоа е денешниот скандал или трагикомичен настан со вакцините кои власта ги вети како помош од Србија а сепак не ги доби“ подвлече Лазаров.

Според него, министерот за здравство Филипче наместо да води партиски кампањи и да троши енергија на партиски агенди, енергијата мора да ја насочи кон она што нему му е примарна обврска, а тоа е здравството во државата.

„Не може да се трошат часови и часови на партиски прес-конференции, партиски настани, а да не се обрне внимание на набавката на вакцините, за сега граѓаните да бидат во исчекување и да молат за вакцина плус, за да се заштитат од овој вирус… Во тимот на министерот има огромен број советници и какви се уште не соработници, а тие наместо да бидат во служба на нивните работни места, единствено добро водат ПР. Не може за новиот вид на вирус кој е забележан во Британија, а сега и кај нас, да алармираме јас и моите колеги како матични лекари кои секојдневно водиме борба со оваа пандемија. Има стручни лица кои тоа треба да го соопштат на јавноста и прецизно да објаснат со што се соочува здравството и целата земја, а не да се релативизираат работите“, истакна Лазаров.

Потсети дека граѓаните мора да добијат здравствена заштите и оти државата е должна тоа да им го осигури и истакна дека вакцинацијата мора што поскоро да започне.

„Граѓаните заслужуваат заштита и државата е должна да им ја овозможи, но доколку се продолжи со ваков однос при набавката на вакцините, граѓаните попрво ќе стекнат колективен имунитет, отколку што некому ќе биде потребна вакцина. Но, факт е дека вакцините мора да стигнат што е можно побрзо и вакцинацијата да отпочне, бидејќи така ќе се спасат многу животи, кои без вакцина можеби и нема да завршат добро“, рече Лазаров.

Доктор  Лазаров, исто така, реле дека во компанијата „Pfizer“ се многу внимателни да не дојде до скандал и додека не се осигураат дека таканаречениот „ладен синџир“ на транспортот ќе биде одржан, транспортот и апликацијата, нема да дозволат Србија да ни ги донира вакцините.

 

Рече дека се направени комплексни грешки и секогаш државата доцни, како и дека тоа ќе се одрази на здравјето и економијата.