
Швајцарката Лара Гут Бехрами беше најбрза на првата трка на Светското првенство во алспко скијање во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.
Таа до златото во супервелеслалом стигна со време од 1:25.51 минута, што беше за 34 стотинки подобро од сонародничката Корине Сутер.
На победничкиот подиум место имаше и за третопласираната Микаела Шифрин од САД која доцнеше 47 стоти делови од секундата зад времето на победничката.
Светското првенство во алпско скијање требаше да започне во понеделникот, но лошите временски услови беа причина за негово одложување.