Меган Маркл го доби процесот против британскиот таболоид

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, ја доби парницата во Велика Британија против издавачот на таблоидот The Mail on Sunday кого го тужеше поради нарушувања на приватноста, бидејќи објави писмо упатено до нејзиниот татко.

„Тужителката очекувала дека содржината на писмото ќе остане приватно“, оцени судијата Марк Варби .

Поранешната американска актерка, 39-годишната Маркл го тужеше издавачот „Associated Newspapers“ чии се изданијата Mail Online, Daily Mail и неговата неделна верзија Mail on Sunday, за нарушување на приватноста со објавувањето на делов на со рака пишуваното писмо коешто во август 2008 година му го упатила на својот татко 76-годишниот Томас Маркл, со кого е во затегнати односи.

Писмото го напишала неколку месеци по венчавката со Хари во мај таа година, на кое нејзиниот татко не присуствуваше поради здавствени проблеми.

Меган во писмото од татко си барала да престане да лаже во медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс, како што гласат нивните официјални титули, наводно се развеле.

Според најавите издавачот „Associated Newspapers“ ќе се сали на пресудата.