15.8 C
Skopje
петок, септември 20, 2024

Американската амбасадорка во Тирана, позитивна на коронавирусот

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, е позитивна на Covid-19, објави самата на Twitter.

Иако не дава детали за симптомите или состојбата, американската дипломатка пишува дека следните денови ќе биде во самоизолација и оти од дома ќе продолжи своите должности.

Упатува апел до сите да внимаваат на здравјето со почитување на мерките за заштита од опасниот вирус.

„Пријатели, сакав да ве известам дека имав позитивен резултат на тестот за Covid-19. Ќе продолжам да работам од дома, каде ќе бидам во самоизолација во следните дена. Ви благодарам за вашите желби и ве молам, бидете внимателни за вашето здравје“, напиша амбасадорката Ким.

Од 28 минатиот месец позитивен на коронавирусот е и амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца.

Во Албанија по новогодишните и божикните празници бројот на новозаразени е во постојан раст, посебно во овој месец. Официјалната статистика потврдува дека за 11 дена од месецов регистрирани се околу 12.000 новозаразени со тенденција на постојан раст.