-5.2 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

Москва не ја отфрла можноста за прекинување на врските со Европската унија

Официјална Москва не ја отфрла можноста за прекинување на врските со Европската унија доколку Брисел воведе санкции кои ќе ја загрозат руската економија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Веруваме дека сме подготвени, доколку видиме уште еднаш, како што сме виделе повеќепати досега, дека санкциите се воведени во области кои и нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области, да ги прекинеме односите на Европската унија , изјавил Лавров.