САД загрижени од првичните заклучоци на СЗО за потеклото на коронавирусот

Соединетите држави се загрижени од првичните откритија на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2, објавени по престојот на експертскиот тим на организацијата во Кина, и Вашингтон повикува наодите да бидат ослободени од влијанието на Пекинг, изјави во саботата советникот на американскиот претедател за национална безбедност, Џејк Саливан.

„Ние сме длабоко загрижени за начинот на кои беа објавени првичните наоди од истрагата за Covid-19 и прашањето за тоа каков процес бил користен за да се дојде до тие заклучоци. Важно е овој извештај да биде независен и експертските наоди да бидат ослободени од мешања или промени од страна на кинеската влада“, се наведува во писмената изјава на Саливан.

„За подоброто разбирање на тековната пандемија и подготвување за следната, Кина е должна да обезбеди податоците од најраните денови на избувнувањето на болеста“, додава советникот на американскиот претседател Џо Бајден.

Според Саливан, репутацијата на Светската здравствена организација е „највисокиот приоритет“.

„Во иднина сите земји, вклучително и Кина, мора да учествуваат на транспарентен и проактивен процес за спречување и одговор на итните случаи во областа на здравствтото, така што светот ќе дознае што е можно повеќе и што е можно побрзо“, додава Саливан.

Изјавата на Саливан доаѓа откако весникот The Wall Street Journal објави дека кинеските власти наводно одбиле да им дадат на експертите на СЗО необработени податоци за првите случаи на коронавирусот, од средината на декември 2019 година, кои според нив може да помогнат да се утврди точно кога и како вирусот започнал да се шири во земјата.

Претходната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека земјата ќе истапи од членството во СЗО, обвинувајќи дека водството на оваа организација во рамките на Обединетите нации е под влијание на Кина и оти им помага на властите во Пекинг да го прикријата потеклото на пандемијата, што кинеската страна повеќепати го отфрлаше. Адинистрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден најави дека САД ќе се вратат во СЗО.

Меѓународната група стручњаци на СЗО во Кина од 14-ти јануари во Кина мина речиси еден месец, вклучително и двонеделниот карантин, и спроведе заедничко истражување со кинеските колеги за идентификувањето на потеклото на коронавирусот. На експертите на СЗО им беше овозможено да го посетат Институтот за вирологија во градот Вухан каде првпат беше идентификуван новиот коронавирус SARS-CoV-2, и високоизолираната лабораторија BSL-4 којашто според некои обвинувањата наводно биле поврзана со „бегањето“ на вирусот или со неговото можно вештачко потекло. Експретскиот тим ја посети и централната болница во градот во која биле згрижени првите пациенти со Covid-19, како и пазарот за морски плодови „Хуанан“ на кој се продавале нелегално и диви животни, локација којашто беше прва поврзана со локалната епидемија на коронавирусот поради податокот за неговото животинско потекло, а исто така меѓународниот научен тим го посети и локалниот Центар за контрола и превенција на болестите.

На 9-ти февруари, експертите одржаа прес-конференција на којашто ја сумираа резултатите од својата работа во Вухан. Засега за нив сѐ уште не е позната улогата на пазарот „Хуанан“ во Вухан во ширењето на вирусот, но истакнаа дека малку е веројатно дека тој директно од лилјаците се нашол на пазарот, што укажува на тоа дека веројатно станува збор за меѓуносител на вирусот. Експерите на СЗО имаат намера оваа теза да ја проучуваат и во иднина. Притоа, научниците рекоа дека исто така е малку веројатно пренесувањето на вирусот врз луѓето поради наводно негово истекување од лабораторијата.