Вучиќ: Уапсен е уште еден убиец поврзан со Беливук

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, како гостин на ТВ Пинк, изјави дека се пронајдени цврсти докази врз основа на кои е уапсено уште едно лице поврзано со кланот Вељко Беливук, обвинето за убиство.

„Сакам луѓето да знаат дека се пронајдени цврсти докази за сторителите на убиства на најмалку три лица и дека уште еден од убијците е уапсен затоа што му е пронајдена ДНК, иако не верувавме дека тој е вмешан. Неговите иницијали се А.Ш. и неговата ДНК беше пронајдена заедно со ДНК на тројцата убиени млади момчиња за кои најмногу зборуваме во последните неколку дена“, рече Вучиќ, додавајќи дека е важно луѓето да се чувствуваат безбедно.