Преглед НБА: Феникс со шест последователни победи, Далас ја прекина низата од победи

Кошаркарите на Феникс Санс ноќта кон понеделникот стасаа до шестата последователна победа во НБА лигата, а Далас Меверикс и покрај одличниот Лука Дончиќ ја прекинаа серијата од четири последователни победи.

Феникс Санс на својот паркет со 109:90 беа подобри од Орландо Меџикс, предводени од Девин Букер со 27 поени. Мајк Бриџес постигна 21 кош, додека Деандре Ејтон впиша 10 поени со 13 скокови за победниците. Никола Вучевиќ, пак, беше најдобар стрелец на Орландо со 14 коша и 10 скокови.

 

Лос Анџелес Клиперс ги совладаа Кливленд Кавалирс со 128:111, а до победата ги предводеше Лоу Вилијамс со 30 поени и 10 асистенции. Серж Ибака додаде 21 поен за Клиперс кои настапија без Каваи Леонард.

Колин Секстон со 22 коша беше најдобар поединец кај Кливленд, за кои ова е седми пораз во низа, додека Дариус Гарланд и Џеди Осман додадоа по 20 поени.

 

Оклахома Сити Тандерс со 114:109 ги надиграа дома Милвоки Бакс, благодарејќи на 22-те коша на Џастин Џексон од кои четири беа „тројки“, вклучително и онаа постигната на 14,9 секунди пред крајот за недостижното водство од пет поени.

Кај Милвоки, за кои ова беше третиот последователен пораз, најдобар беше Јанис Адетокунмпо со 24 поени, додека Крис Мидлтон додаде 23 коша.

 

Денвер Нагетс со 122:105 ги победија Лос Анџелес Лејкерс, првенствено благодарејќи на Никола Јокиќ кој во оваа победа придонесе со уште еден „трипл-дабл“ во кариерата – 23 коша, 16 скокови и 10 асистенции. Џамал Мареј за Денвер додаде 25 коша, а Зик Ннаџи 16 поени.

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 22 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Но Лејкерс останаа без Ентони Дејвис кој повторно ја повреди десната Ахилова тетива.

 

Сан Антонио Спарс со 122:110 на гости славеа против Шарлот Хорнетс, До победата ги водеше Деџонте Мареј со 26 коша и 12 скокови. Дерик Вајт додаде 15 коша за Спарс кои победија во пет од последните шест натпревари. Најдобар стрелец кај Хорнетс и воедно на мечот беше Тери Розиер со 33 поени.

 

Кошаркарите на Далас Маверикс забележаа пораз по четирите последователни победи, и тоа со 118:121, од гостинските Портланд Трејл Блејзерс. Лука Дончиќ не реализираше „тројка“ за продолженија за Маверикс, но повторно мина 40 поени. Мечот го заврши со 44 коша, 7 скокови и 9 асистенции.

 

Во преостанатите натпревари Торонто Репторс дома загубија од Минесота Тимбервулфс со 112:116, Вашингтон Визардс исто така на домашен терен со 104:91 ги надиграа Бостон Селтикс, Детроит Пистонс со 123:112 беа подобро од гостите Њу Орлеанс Пеликанс, а Мемфис Гризлис на гостувањето кај Сакраменто Кингс славеа со 124:110.

РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон Визардс – Бостон Селтикс 104:91
Торонто Репторс – Минесота Тимбервулфс 112:116
Шарлот Хорнетс – Сан Антонио Спарс 110:122
Детроит Пистонс – Њу Орлеанс Пеликанс 123:112
Далас Маверикс – Портланд Трејл Блејзерс 118:121
Оклахома Сити Тандерс – Милвоки Бакс 114:109
Феникс Санс – Орландо Меџик 109:90
Денвер Нагетс – Лос Анџелес Лејкерс 122:105
Сакраменто Кингс – Мемфис Гризлис 110:124
Лос Анџелес Клиперс – Кливленд Кавалирс 128:111

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

1. Филаделфија 18 9 .667 –
2. Бруклин 16 12 .571 2 1/2
3. Бостон 13 13 .500 4 1/2
4. Њујорк 13 15 .464 5 1/2
5. Торонто 12 15 .444 6

Централна дивизја

1. Милвоки 16 11 .593 –
2. Индијана 14 13 .519 2
3. Чикаго 10 15 .400 5
4. Кливленд 10 17 .370 6
5. Детроит 8 19 .296 8

Југоисточна дивизија

1. Шарлот 13 15 .464 –
2. Мајами 11 15 .423 1
3. Атланта 11 15 .423 1
4. Орландо 10 17 .370 2 1/2
5. Вашингтон 7 17 .292 4

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дизвија

1. Јута 22 5 .815 –
2. Портланд 16 10 .615 5 1/2
3. Денвер 14 11 .560 7
4. Оклахома Сити 11 15 .423 10 1/2
5. Минесота 7 20 .259 15

Пацифичка дивизија

1. ЛА Лејкерс 21 6 .778 –
2. ЛА Клиперс 19 8 .704 2
3. Феникс 16 9 .640 4
4. Голден Стејт 14 13 .519 7
5. Сакраменто 12 13 .480 8

Југозападна дивизија

1. Сан Антонио 16 11 .593 –
2. Мемфис 10 11 .476 3
3. Далас 13 15 .464 3 1/2
4. Њу Орлеанс 11 15 .423 4 1/2
5. Хјустон 11 15 .423 4 1/2