(ФОТО) Грција зафатена од снежната Медеја

Студениот фронт Медеја ја зафати Грција носејќи многу снег и силни ветрови, а најмногу проблеи предизвика во северните и централните делови на земјата.

Снегот накусо го прекри и атински Акропол, но не се задржал долго бидејќи температурите се движат околу нулата, објави во понеделникот државната телевизија ERT.

Температураите на северот на Грција паднале во текот на ноќта на минус 15 Целзиусови степени и поради силниот ветер откажани се повеќето траектски линии со островите, соопшти крајбрежната стража.

На северните острови Споради имало прекин во снабдувањето со електрична енергија, бидејќо соборените стебла ги прекинале далноводите кои ја носат струјата од компното.

Националниот автопат меѓу Атина и Солун поради мраз морала да биде затворане на две делници северно од грчката престолнина. На повеќето патни правци во централна и северна Грција задолжителна е употребата на синџири за снег,

Врвот на студеното време, метеоролозите го очекуваат во вторник.

×ÉÏÍÉÁ ÓÔÇ ÄÑÁÌÁ(ÌÅÓÓÇÍÇÓ ÄÇÌÇÔÑÇÓ EUROKINISSI)