НАТО нема да ги повлече своите трупи од Авганистан „пред да дојде време“, рече денеска шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг пред дискусијата на министрите за одбрана оваа недела за распоредувањето сили во азиската држава.
– Иако ниту еден сојузник не сака да остане во Авганистан подолго отколку што е потребно, ние нема да заминеме пред да дојде време, рече Столтенберг на прес-конференција.