Јужноафриканската министерка за основно образование Метсие Анџелина Енџи Мотшега во понеделникот беше цел на критики поради нејзината изјава дека мажите со високо образование не ги силуваат жените, во земјата каде што насилството над жените е раширена појава.
Официјалните статистички податоци во Јужноафриканската Република покажуваат дека полицијата секој ден прима по 110 пријави за силување.
Обраќајќи им се на учениците во главниот град Преторија по повод враќањето во училиштата, министерката Мотшега изјавила дека владата „го поставила образованието на врвот на приоритетит, бидејќи е свесна дека само со образованието може да се надвладеат некои предизвици (…) бидејќи образуваните мажи не ги силуваат жените“.
На видеосенимката која ја објави големата телевизиска мрежа Newzroom Afrika, се слуша како учениците едногласно ѝ одвговараат „Да, го прават тоа“.
„А, навистина? Мислев дека мора да бидат малку пообразувани за да не прават некои работи“, возвраќа министерката.
Демократскиот сојуз, главната опозициска партија во ЈАР, истакна во соопштение дека министерката треба „да ја повлече својата изјава и да се извини“.
„Овие коментарни се крајно непримерни и невнимателни, бидејќи раширениот проблем со силувањата во Јужноафрикнаската Република не познава општествени и економски граници и не е поврзан со степенот на образованието“, истакнува опозицијата.
Опозицискиот политичар Ммусио Маимане, лидер на движењето One South Africa, остро ја нападна министерката Мотшега поради нејзиното „неразбирање“ на проблемот со силувањата и сексистичкото насилство во земјата. „Што поскоро ни е потребен нов министер за основно образование“, оцени Маимане
По лавината критики која ја покрена на социјалните мрежи, министерката се обиде да ја разјасни работата во соопштение. Наведе дека силувањето е поврзано со моќта и дека владата сака да ги воспитива момчињата „од мали нозе да знаат да управуваат со односите на моќта меѓу мажите и жените“.
We urgently need a new minister of basic education.
Angie Motshegka exhibits a lack of understanding about how and why Rape and GBV occurs in South Africa.
She states “an educated man will not rape”. That is pure nonsense pic.twitter.com/BHdUbRWaKG
— Mmusi Maimane (@MmusiMaimane) February 15, 2021