Владата денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до 24 овој месец да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи.
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25 февруари, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари на 26 февруари, за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари на 1 март и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2 март, се наведува во соопштението од владината седница.