
Драган Димишков, претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, во утринска на Алфа телевизија денеска истакна дека благодарение на ова раководство на партијата каузата на партијата има континуитет, има посериозен пристап кон ветераните, како и дека истата има само една цел да го штити македонизмот и македонските интереси.
-Има посериозен пристап кон ветераните или со веќе еволуираната политичка мисла и зрелост на самата партија и благодарение на сегашното раководство и претседателот Христијан Мицкоски, Унијата на ветерани се димензионира на највисоко ниво до сега, како и останатите структури кои делуваат во партијата, а се во насока на развој на политиките на партијата, вели Димишков.
Димишков вели дека каузата сеуште живее во партијата, затоа што истата е создадена да го штити македонизмот и македонските интереси со искрена почит кон сите кои до придонеле за македонската кауза.
-Во овие модерни времиња, преостанува интелектуално да се спроведуваат политиките и идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто на македонската идеологија и кауза, но не би било ВМРО, ВМРО да би одело така лесно, премрежја имало и во минатото, но се надминувале, рече Димишков.
Тој вели дека не верува дека ќе произлезе нова политичка формација или фракција која би била на ист степен на организираност за да се појави како нов политички продукт во Македонија.
-Политиката на актуелната власт што ја спроведува обичните луѓе гледаат со згрозување, со недоумици, со чудење и верувам дека тие искрено тоа го мислат, како може еден човек не како премиер, туку како човек да си дозволи вакво предавничко однесување и погубни политики за Македонија, а често и самите членови во СДСМ знаат да си признаат дека не им е јасно што прави нивниот лидер, вели Димишков.