
Неспособноста на власта ја доведе Македонија да питачи вакцини од соседните земји, оцени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски гостуваше во дневникот на Сител телевизија.
„Апсолутно дека имаме можност како партија да помагаме и сега како опозиција. Но доколку бевме на власт рабората со вакцините ќе беше сработена. Да, ние ветувавме работи во минатото и тоа го исполнувавме, и јас лично тоа можам да го кажам, бидејќи сум бил и министер во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. И со многу работа ќе се обезбедеа вакцини“, истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека сега во моментов со владата на СДСМ и Заев Македонија падна на тоа на ниво да чека милост од соседните држави. Трагично е што власта на Заев секој ден ветува дека ќе стигнат вакцини, но тие никако да пристигнат.
„Но, реалноста е дека само едно пакетче има во Македонија. А, јас и тоа го поздравувам. Го поздравувам бидејќи еве Србија направи навистина големи чекори и ќе ја искористам приликава да го поздравам и пратеникот Иван Стоиљковиќ кој што даде многу напор за да ова се случи“, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека ако власта на СДСМ работеше немаше Македонија да стаса до ова дереџе да биде последната земја во регионот која започнала со вакцинација.
„Кога оваа Влада треба да се пофали со нешто, прави еден куп ПР работи, куп ПР пресови, како да покажат дека нешто се случува, но кога треба да има некој производ, ги нема тогаш никаде“, појасни Мисајловски.
Мисајловски рече дека ако се има видливо нешто на терен, ако има проект, ако има вакцина тогаш значи дека е завршена или сработена работата.
„Сега имаме најава од Владата дека за брзо ќе стигнат и кинеските вакцини, па јаде да видиме дали навистина ќе пристигнат. Но дали тука ќе престанат? Потребни се многу вакцини, потребни се и за наредните години. Ова работа не е само за сликање, оваа работа е многу сериозна“, нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека не само ВМРО-ДПМНЕ ја критикува власта, туку секој македонски граѓанин ги критикува, бидејќи неспособноста на оваа власт доведе до тоа граѓаните да не можат да се вакцинираат и заштитат од оваа опасна пандемија.
.