
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, го постигна првиот гол во шпанското првенство со погодокот за водство во мечот на неговиот Леванте против лидерот на табелата Атлетико Мадрид.
Хименез лошо процени една топка, домаќините тргнаа во транзиција, Де Фрутос го проигра Барди кој со левата нога го матираше еден од најдобрите светски голмани, Јан Облак за 1:0 во 17 минута.
Водството на Леванте траеше дваесетина минути, а Маркос Љоренте израмни во т во 37 минута.