
Не би требало да има бојкот на локалните избори, затоа што сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија и убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во централниот дневник на Сител телевизија.
Мисајловски додаде дека штета е што партиите од владејачката коалиција кои, како што оцени, се поигруваат зо законот за избори.
„Зборувам за оној закон каде што убаво стои во Изборниот законик дека треба да се набават апаратчиња за отисок за овие избори. Има доволно време. Зборам секој граѓанин кога ќе отиде на следниве локални избори во Законот е поставено дека власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка“, нагласи Мисајловски.
Посочи дека има средства овие апаратчиња за отисок да се набават.
„Ние треба како ВМРО-ДПМНЕ да си ги ставиме на располагање сите наши структури и да имаме легални избори. Ова го кажувам бидејќи сведоци сме на минатите локални избори колку имаше поткуп, и на овие избори што се случија, и за референдумот како се гласаше исто на две – три секунди. И затоа ние го бараме ова да се спроведе“, рече Мисајловски.
Појасни дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори, какви и да се.
„Но, ако власта ова не го направи, значи тие се спремаат за фалсификат. Е, тоа е проблемот. И тоа прашање треба да биде во јавност кренато, но ако Албанија може за три месеци да ги набави, ние имаме повеќе од три месеци и сето тоа може да биде средено“, истакна Мисајловски.
Додаде дека прашањето околу набавката за апаратчиња на отисок може да се среди и затвори за три-четири месеци.
„Имаме 100 дена најлоша Влада во историјата на Македонија. Најлоша Влада. Не зборувам за претходните години на оваа Влада, туку за првите 100 дена. На „Транспаренси Интернешнл“ сме вака најкриминална држава во Европа. Постојано слушаме еден куп работи дека ќе изградат, а нема ниту еден капитален проект. Постојано слушаме за некои реформи а бришат историја. Постоја слушаме за некои реформи ама ги нема“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на Сител Телевизија.
Мисајловски додаде дека со вакво темпо граѓаните на оваа Влада довербата нема да им ја дадат.
„Е, сега прашањето е дали граѓаните на мене повторно ќе ми ја дадат довербата. Одговорот е да. Ќе ми ја дадат довербата, ама знаете кога? Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе даде програма и ќе биде убедлива на овие избори и кога ќе победи. Само тогаш народот ќе се свести дека ВМРО-ДПМНЕ е подобра“, истакна Мисајловски.
Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на терен и ќе работи со граѓаните.
„Ексклузивно за брзо време, наредната недела ќе седнат работни групи да се договорат за изборниот законик и за тие други теми. Ние имаме барање локалните избори да бидат во еден изборен круг. Но сето тоа ќе биде тогаш ставено на маса како во пакет за разговори“, нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека се надева дека ќе се постигне договор по сите прашања