10.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

Заев призна дека во личните карти ќе стои „граѓани на РСМ“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера беше гостин во вестите на Сител. Меѓу другото, тој зборуваше и за законот за лични карти, посочувајќи дека има политички договор меѓу Заев и албанските коалициони партнери. Неговите тврдења и рзобличувањето на цела Влада денес добија официјална потврда откако Заев веќе беше принуден да признае дека во личните карти ќе стои граѓани на РСМ.

-Сега искрено ќе ви го кажам што е во срж проблемот. Да сега станува второстепено или првостепено ова вие што го кажувате дали треба да остане Македонец, Албанец, Србин итн. Дали јас ќе се потпишам како Македонец и тоа како. Јас се гордеам со тоа. Но, што е целта? Владата е на стаклени нозе. Бидејќи нивните коалициони партнери се незадоволни. Ова барање е едното од барањата што го има ставено БЕСА, зборувам за законот за лични карти, за да имаат успешна Влада односно успешна коалиција. Гледате дека таму не е се како што велат тие розово. Законот за лични карти е еден од условите на БЕСА што ги бара да се спроведат. Но, Зоран Заев ова не сака да се случи. Зоран Заев овој закон не сака да помине, истакнаМисајловски.

Мисајловски додаде дека нема да помине законот, за жал, бидејќи Заев не дозволува да помине. Оценува дека Заев од една страна се плаши поради ризикот да изгуби коалиционен партнер во Парламент, односно во Владата, а од друга страна гледаме дека и рејтингот на БЕСА воопшто не се качува туку стагнира.

-Ако имаше чесна намера Зоран Заев веднаш ќе го пуштеше овој закон и со европско знаменце. Но, има друга пречка. Пречката е оној фамозен Преспански договор. Бидејќи таму мора да стои коса црта во личните карти граѓани на придавка Република Македонија. Тоа е проблемот. И суштината е тука. Е, сега е проблемот како да се задоволи БЕСА, да се задоволат други коалициони партнери, а од друга страна гледате дека внатре во самата коалиција има проблем, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека во Собранието имаше 66 точки на Дневен ред., а фалеле неколку пратеници. Посочи дека тоа говори дека ништо не е случајно, дека власта односно СДСМ во Парламентот не може кворум да обезбеди и дека пазарот помеѓу СДСМ и коалиционите партнери е се повеќе видлив.

-Кога нема кворум во Парламентот не е само оние кои што се заболени од КОВИД-19. Но има многу пати кога пратениците не доаѓаат, дали се од коалицијата, дали се од помалите коалициони партнери и потоа можеме да видиме дека некој нов функционер од нивната партија се именува, добиваат некои нови работни позиции или потоа се добиваат нови работни места за нивни членови, појасни вчера Мисајловски.

Денес Заев беше соочен со фактот дека мора да признае се. Така, во својата изјава посочи дека во личните карти ќе стои граѓани на РСМ и дека тоа е ветување кое СДСМ го има дадено на БЕСА, па сега мора да го исполни.

-Ова е даден збор, аргументиран од страна на БЕСА уште во 2018-2019 кога се гласаа уставните промени. Аргументациите ги разгледав јас, тимот, со сите стручни служби. Секако, уште еднаш тоа го проверивме низ Преспанскиот договор, сме разговарале. Важно е да се почитува до крај државјанството каде стои “македонско/граѓани на Република Северна Македонија“, истакна Заев.

Целата негова изјава, погледнете ја во продолжение: