
Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево со нов директор, откако по три години е сменет досегашниот директор Урим Ахмеди.
На местото на Ахмеди доаѓа како В.Д.директор Ардита Дани правник од Кичево, која досега беше вработена во „Македонски пошти“, а во изминатите осум години во два мандати беше советник во Општина Кичево.
Имено, ова претпријатие со вода за пиење ги снабдува шесте општини од југозападниот дел на земјава: Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Прилеп и Крушево или со вода од овој хидросистем се снабдуваат околу 160 000 граѓани . Во ЈПВ„ Студенчица“ вработени се 59 лица а, истото седиште има во Кичево.
Ардита Дани е претседателка на огранокот на ДУИ за Општина Кичево.