
Бројот на пријавени случаи на коронавирус опаѓа во последниот месец ширум светот и денеска е најмал од средината на октомври, покажуваат податоците на Ројтерс, пренесува Хина.
Опаѓањето на бројот на инфекциите се совпаѓа со мерките за затворање и ограничувањата за собирање и движење, додека владите се обидуваат да ги усогласат рестриктивните мерки со враќањето на работниците на работа и децата на училиште. Но, оптимизмот дека ќе помине кризата се намалува со појавата на нови варијанти на вирусот и поголеми се стравувањата околу ефикасноста на вакцината.
– Сега не е време да се опуштиме – рече Марија Ван Керхове од Светската здравствена организација на прес-конференција во Женева.
– Не смееме да се доведеме во ситуација повторно да расте бројот на случаи – додаде таа.
Врз основа на просекот од седум дена, денеска во светот се пријавени 351.335 нови случаи во споредба со регистрирани на 86.0737 на 7 јануари. Бројот на починати се намали од 17.649 на 26 јануари на 10.957 на 16 февруари.
Новите случаи се намалуваат во САД до просечно 77.883 нови инфекции на ден. Тоа е 31 процент во споредба со најголемиот број случаи пријавени на 8 јануари. Во САД, 27.9 милиони се заразени и 490.795 луѓе починаа од почетокот на пандемијата, што е најмногу во светот.