„Ние многу вложувавме во обидите да се изградат институции што ќе влеваат доверба во независното судство. Но потребно е време, а луѓето се исфрустрирани поради одолговлекувањето. Затоа сметам дека е важно, да се забрзаат тие реформи, тоа да се надмине“,истакна Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Република Македонија во емисијата „Само интервју“.
Брнз додаде дека потребно е во судството да се направат правилни промени и да се воведат побргу. „И потоа ќе биде потребно време да се изгради доверба во јавноста во тие институции. Но на крајот на краиштата, слободно и независно судство, независни јавни обвинители се елементите за кои не се преговара во одговорна демократија и се клучните составни делови за долгорочен раст и економска стабилност“, нагласи Брнз.
Брнз нагласи дека овие промени во судството треба што поскоро да се направат.