Две лица повредени во сообраќајка на автопат Тетово-Гостивар

На 20.02.2021 во 02:02 часот било пријавено дека на автопат Тетово-Гостивар  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски управувано од 28-годишниот Ј.Т. од Турција, со времен престој во Скопје, и патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Г.А. од селото Чегране.

Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со телесни повреди, а сопатничката 25-годишната Е.А. од истото возило се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.