
Во изминативе денови забележано е зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти во Кавадарци, но и во Прилеп и Охрид, истакна денеска министерот Венко Филипче.
„Евидентно е зголемување на бројот на заразени со корнавирус во изминатиот период и тоа онаму каде што е детектирана новата британска мутација. Зголемувањето е за 20 до 50 отст, за последните два дена, а како причина се одредеи настани и прослави“, истакна Филипче, додавајќи дека заразените се од различна возраст, а не само млади лица.