Заев ќе се рекламира со државни пари, кога беше опозиционер обвинуваше дека власта така ги корумпира медиумите

Град Скопје ќе потроши 130 илјади евра за да се рекламира преку маркетинг агенција, дознава „Алсат“. Образложението оттаму е дека медиумите не нудат толку простор колку што градот има информации да соопшти.

Од Владата за „Алсат“ велат дека нема ништо спорно, а најавуваат и дека се работи на тоа да се овозможи и самата Влада, односно институциите, „да се рекламираат“ преку радиодифузерите.

Имено, од Владата најавуваат измена на членот 102 од Законот за аудио визуелни услуги, со цел да се овозможи и институциите да можат да реализираат, како што велат, „јавни комуникации (кампањи) од исклучителен јавен интерес и преку радиодифузерите, на теми кои се од витално значење за граѓаните и државата, како што е на пример вакцинацијата,
антикорупцијата, справувањето со дезинформациите и слично“, пренесе 365.com.mk.

Со овие измени, Владата и премиерот Зоран Заев ќе се рекламираат со државни пари, а кога беше во опозиција тој велеше дека така власта ги корумпира медиумите.

Ако ова за него тогаш беше “корумпирање на медиумите“, тогаш дали сега свесно Заев сака тоа да го прави?