ПСЖ урнат на својот „Парк на принцевите“

Во дербито од 26-то коло на на франциското фудбалско првенство Монако на „Паркот на принцевите“ го победи Пари Сен Жермен остварувајќи ја првата победа на актуелниот шампион по март 2016 година, кога исто така триумфираше со 2:0.

Поразот е изнанадувачки, особено откако ПСЖ претходно седмицава на нејзиниот „Ноу Камп“ со 4:1 ја декласираше Барселона во Лигата на шампионите. Но Монако триумифораше сосема заслужено, неговите играчи одиграа одлично и успеаја „Светсците“ да ги спречат првпат по 13 натпревари да не постигнат погодок на еден меч.

Монако поведе веќе во 6 минтуа по одличната акција кога Кевин Воланд нафрли на втората статива, каде што Агилар со глава ја продолжи до Софиан Диоп. За 2:0 голот во 51 минута го постигна Фиљермо Марипан откако домашната одбрана не успеа добро да избие нафрлена топка, која се одби до гостинскиот напаѓач кој убаво погоди.

ПСЖ остана на третото место со 54 бодови, а Монако е четврти сега со 52 бодови. Во водство е Лил со 58 бодови, а го следи Лил со 56 бодови.

Во претходно одиграниот меч Лил со 4:1 на гости го победи Лориен. Стрелци за гостите беа Ендрју Гравоилон кој постигна автогол во 20, Хозе Фонте во 38, Нанитамо Иконе во 59 и Домагој Брадариќ во 90 минтуа, а за домашните Жером Ергуит во 23 минута. Лориен е на 18-то место, од кое се игра плеј-оф за опстанок, со 21 бод два помалку од безбедната зона.

Нимс дојде до важни бодови во бирбата за прволигашкиот спас победувајќи го Бордо со 2:0, продлабочувајќи ја кризата на Жиродинците. Головите за домашните ги постигнаа Биржер Мелинг во 14 и Рено Рипар во 71 минута, три минути откако гостите останаа без исклучениот Љорис Бенито.

Нимс е претпоследен 19-ти со 21 бод, два помалку од безбедното 17-то место на кое е Нант со 23 бодови. Бордо, кој во полседните пет кола освои само еден бод, падна на 11-то место со 33 бодови.

Стразбур и Анже одиграа без голови, па домашните сега со 29 бодови е 15-ти, а Анже има 35 бодови е 10-ти.