
Оливер Спасовски не само што се уште не дал оставка, туку не се ни појавил на прес конференција до вечерва. Му бегаат луѓе, а него го нема. И сега јасно е зошто не добил безбедносен сертификат од НАТО. На таков човек не треба да му дадеш сертификат ни за деловна способност за фирма да отвори, а не пак за НАТО. Нема оставка ниту од Јовевски, а тука и Обвинитеството е виновно. И конечно нема оставка ниту од Зоран Заев, човекот кој во изминатиот период се пазареше со Сашо Мијалков и му овозможи да побегне, истакна новинарот Љупчо Златев во вечерашното издание на “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.
Мијалков бил следен, додава Златев. За такво кривично дело, сигурно бил следен. Затоа нека не кажуваат дека не знаеле каде е, кој дал или не дал наредба за притвор и така натака.
„Тие 24 часа знаеле каде е. Затоа, одговорот на сето ова е тоа што денеска го нема Оливер Спасовски да се јави. Министерот Спасовски го нема да се појави, судот молчи, а премиерот Заев изјавува разочаран бил. Па, чекајте бре луѓе. Какви се овие паушални изјави. Ова држава ли е или не“, рече Златев.