
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со слаб, а попладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Најмногу снег, според мерањата на УХМР изутрина во седум часот има на Попова Шапка, каде снежната покривка е 34 сантиметри, додека на Маврови Анови има осум сантиметри снег, шест во Крушево, три во Лазарополе. Најниска температура, пак, е измерена во Берово -4 степени, а -3 во Скопје-Петровец, Битола, и Маврово, -2 Тетово, Струмица, Д.Капија и Лазарополе, -1 во Гевгелија. На останатите места се регистрирани температури над нулата.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, преку ноќта беше ведро и тивко, а изутринава е сончево на места со слаб северен ветер. Во делови од Скопската котлина и во Демир Капија има слаба магла.