Автобусите ќе возат со 75 отсто од капацитетот на патници

По барањето на група општински и меѓуопштински превозници, Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести да се зголеми дозволениот број патници во превозните средства.

Со оваа одлука, дозволениот максимум на патници во автобусите се зголемува од 50 на 75 отсто.

Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата.