
Словенечки лекар, вработен во Клинечкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирусот откако претходно бил вакциниран со две дози од вакцината, потврдија во среда во втората најголема словенечка болница.
Како што пренесува комерцијалната телевизија POP-TV, реинфекцијата е можна бидејќи ниедна вакцина не е стопроцентно ефикасна, а по потврдата со заразата со PCR тест било постапувано според предвидениот протокол и се известени епидемиолозите.
Споменатиот лекар неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека можеби се заразил со позаразниот јужноафрикански сој на коронавирусот, што сѐ уште не е докажано.
Како што во средата на редовната прес-конференција на владата за состојбата на епидемијата на Covid-19 изјави микробиологот Тјаша Жохар Чретник од Националната лабораторија за здравје, околина и храна (NLZOH), за секвенционирање на геномот на вирусот и потвдата, на микробиолозите им е потребна најалку една седмица, а во Словенија досега не е забележан ниеден сличај на зараза со јужноафриканскиот сој.
Анализата на можната присутност на јужноафриканскиот сој, односно новите соеви, се прават со издвојување на десет отсто од позитивни примероци од PCR тестирањата, а досега се пронајдени и потврдени вкупно 35 случаи на британскиот сој, а ниеден случај на јужноафриканскиот или бразилскиот сој, па се претпоставува дека новите соеви во Словенија не се многу рaширени.
Сепак, Чретник додава дека евентуалното поголемо присуство на новите соеви би можело да го сугерира податокот дека од 35-те случаи на бротанскиот сој, 21 се однесува на заразените кои не патувале, што значи дека се заразиле во локалната средина.
Во Словенија во последните 24 часа со 5.316 PCR тестови се потврдени 1.089 нови зарази, со дест починати како последици од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19.
Епидемиолозите предупредуваат дека последните денови запрел падот на новите случаи на заразата, односно дека стагнира, иако бројот на смртните исходи се намалува а состојбата во болниците се подобрува, додека натпресечен зголемен број на коронаинфекциите е регистрираат во општините на словенечкото крајбрежје.
Во средата во словенечките билници има 546 ковид-пациенти, од кои 105 на одделите за интензивна нега, но зголемен е репродукцискиот број на заразата и некои други елементи последните денови, што зборува дека преминување во следната „жолта“ фаза на епидемијата, кога наставата ќе се одвива во училиштата за сите одделенија и би се укинал полицискиот час, ќе задоцни иако се најавуваше за први март, пренесуваат медиумите повикувајќи се на истражувањето на Научниот институт „Јожеф Штефан“.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша предупреди во вторникот во парламентот дека Словенија и Европа поради новите соеви на коронавирусот би можел да ги зафати третиот бран на епидемијата на Covid-19 и дека тоа е доста реална множност.