
Фактот што младите се иселуваат од Македонија, секојдневно добива солидна поткрепа во општествените случувања кои не се само производ на економската слика. Се повеќе натежнува неперспективноста во земјава во која власта ја следат бројни политички скандали, висока корупција и селективна правда.
Последниот случај со бегството на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, со што тотално се урна довербата во и онака нефункционалните државни институции, особено на правосудниот ситем, го поттикна незадоволството во јавноста.
Една објава на социјалните мрежи во таа насока гласи:
„Ќе се отепаш од учење, па натпревари, па курсеви, па магистерски на 15ти факултет на светов и пак ќе те чека работа во Кам за 15 000. Мeanwhile, државава ја управуваат терористот Ахмети, сељачкиот дудук Заев и маалското фраерче Мијалков. Како да не се отепа чоек“.
Ќе се отепаш од учење, па натпревари, па курсеви, па магистерски на 15ти факултет на светов и пак ќе те чека работа во Кам за 15 000.
Мeanwhile, државава ја управуваат терористот Ахмети, сељачкиот дудук Заев и маалското фраерче Мијалков.
Како да не се отепа чоек.
— Stormfire (@TempestOfFlame) February 24, 2021
Дека нема државно вработување без партиска книшка, вчера уште еднаш се покажа на дело, кога конкурс за попишувачи на претстојниот попис, беше објавен на официјални партиски сајтови на СДСМ…