Таравари: Биномот Заев и Мијалков беспрекорно функционира – со последниот театар беа смешни

Сите скандали во режимот на Груевски, Заев ги достигнал и престигнал во изминативе четири години, вели градоначалникот Гостивар Арбен Таравари за „Утрински брифинг“, зборувајќи за случувањата околу бегството на Сашо Мијалков.

-Повеќето граѓани го знаат одговорот дека одредени центри на моќ кои што имаат влијание во земјава, кои што одамна гледаат дека правната држава е минато време и кога се гледа дека се прави циркус, знаат да реагираат и да интервенираат. Така што биномот Заев и Мијалков кои што беспрекорно функционираат, во последниот театар што го играат заедно стварно беа смешни. И кога даваат изјави изгледаат смешни. Ја потценуваат интелигенцијата на народот и стварно е несериозно еден човек кој што 2015-2016 година ја ставаше раката на срце и оставаше впечаток на еден чесен граѓанин, сега е еден близок другар на Мијалков, изјави Таравари.