Пјонгјанг мора да плати 2,4 милијарди долари отштета на екипаж на американски воен брод

Американски сојузен суд ѝ наложи на Северна Кореја плаќање на 2,3 милијарди долари отштети и камати за членови на екипажот на американскиот воен брод USS „Pueblo“, кои северносерејските сили ги зарбобиле и измачувале во текот на 11-те месеци заточение во 1968 година.

На Северна Кореја ѝ е наложено дека тој износ да им ги исплати на морнарите на USS „Pueblo“ и нивните семејства, како надомест за физичкото и психолошкото измачување претрпено во текот на заробништвото.

„Поради варварството коишто им го нанеле Северните Корејци, речиси на сите им бил потребен медицински или психијатриски третман“, појасни Алан Баларан, адвокат кој државата го именуваше за водење на случајот.

Пјонгјанг во далечната 1968 година го заплени американскиот воен брод под обвинение дека шпионирал во севернокорејските територијални води. Во замена за ослободување на заложниците, САД потпишаа документ во кој се извинија за „шпионирање и саботажа“, а потоа тој документ јавно го демантираа.

Северна Кореја го задржа бројот и го претвори во музеј, но американската морнарица и натаму го смета за активен воен брод.

Судската постапка за овој случај започна дури во 2018 година, откако администранцијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја стави Северна Кореја на листата земји кои го спонзорираат тероризмот, што овозожи преземање покренување правни активности пред американските судови.