ЕУ и НАТО ги поздравуваат најавите на САД за обновување на трансатланстското сојузништво и ги препознаваат заканите

Новата американската администрација претседателот Џо Бајден претставува можност за обновување и јакнење на трансатлантското партнерство и соработка меѓу НАТО и Европската унија, кои ги препознаваат Русија, Кина, кибернетечките напади и климатски промени како главни закани за двете западни институции истакнаа во петокот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој се вклучи во самитот на ЕУ.

„НАТО ја имаше и ја има клучната улога во поврзувањето на Америка и Европа. Споделуваме исти демократки вредности, имаме заднички стратешки интереси и целосно сум убеден дека новата администрација на Бајден нуди единствената можност за обновување на трансатлантскиот сојуз меѓу Европа и САД“, изјави Мишел пред почетокот на виртуелниот самит на челниците на ЕУ, на кој е поканет и генералниот секретар НАТО.

Вториот ден од виртуелниот состанок на врвот на ЕУ е посветен на безбедносните и одбранбени прашања, како и на односите со јужните соседи.

Столтенберг истакна дека ниедна земја, ниту еден континент, не можат самите да се носат со предизвиците како што се хибридните закани, софистицираните кибернетички напади, агресивните однесувања на Русија, растот на Кина и незбеднотните импликации од климатските промени.

„За НАТО главната задача беше здравствената криза да не прерасне во безбедносна криза, бидејќи сите закани коишто постоеја пред пандемијата останаа и натаму. Тоа се агресивноста на Русија, тероризмот, кибернетичките напади, растот на Кина и климатските промени. Една земја или континент не можат со нив да се спреват, но ќе можат заедно“, рече челникот на НАТО.

„Тоа не го можат сами ниту Америка, ниту Европа, и затоа ја поздравуваме силната порака на администрацијата на Бајден за јакнење на сојузништвото и трансантлантиските врски“, додаде Столтенберг. „Тоа ќе биде главната тема на лидерите на НАТО, кои ќе се состанат подоцна годинава во Брисел“, додаде.

Столтенберг изрази задоволство од тоа што НАТО и ЕУ минатата година ја подигнале соработката на „досега незабележано ниво“ и дека се радува на продолжување на соработката во јакнењето на отпорноста на бројните предизвици, на стабилизирање на западен Балкан, прашањето на миграцијата во Егејското Море.

Мишел рече дека НАТО и ЕУ имаат заеднички приоритети, сакаат повеќе стабилност и предвидливост во своето непосредно соседство и се подготвени се да разговараат за инструментите кои ќе користат за да се постигнат тие цели.

„Силното партнерство бара силни партнери и убеден сум дека посилната Европска унија и посилно НАТО“, рече Мишел.

Челниците на ЕУ на крајот од денешниот состанок би требало да усвојат заедничка изјава во којашто ќе истакнат дека Унијата мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност во соочувањето со глобалните предизвици.