Шеснаесетгодишник од скопско Синѓелиќ со „БМВ Х6“ налетал врз хирургот Јота

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информираше за сообраќајната несреќа во која тешко повреден е хирургот Ѓорѓи Јота.

„На крстосница од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бмв х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од селото Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје“, информира МВР.

Јота со тешки повреди бил хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.