Движењето ЛГБТ+Американците се надеваат дека се чекор поблиску до според нив законската заштита од диксриминација откако Претставничкиот дом на Конгресот во четвртокот го прифати клучниот предлог на Законот за граѓанските права кој го поддржуваат претседателот Џо Бајден и неговите демократи.
Пратеничкиот дом со 224 гласови „за“ и 206 „против“ ги усвои Законот за еднаквост, со кој се менува Законот за граѓански права од 1964 година за во него да бидат вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како заштитени атрибути покрај расата, религијата, полот и националното потекло.
Пратениците притоа строг се продржувале до партиската дисциплина, и само тројца републикансци гласаа за предлог-законот.
„Без Законот за еднаквост, оваа нација никога нема да ги оствари своите принципи за слобода и еднаквост. Гласам за Закотно за еднаквост за Иви Њимен, мојата ќертка и најсилната, најхрабра личност којашто ја познавам“, изјави демократската пратеничка Мери Њумен од сојузната држава Илиноис, која вели дека има трансродова ќерка.
Личносите кои се декларираат како припадници на ЛГБТ заедницата тврдате дека се среќатваат со предрасуди кога бараат стан, барањата за кредити, учество во судски пороти. Закон кој ги штити од наводна дискриминација има во само 22 од 50-те сојузни држави на САД и во дисктриктот на главниот град Вашингтон.
Парламентите на сојузните држави редовно носат закони, кои овие лица ги дожувуваат како ограничување на нивната заштиа. Од почетокот на годинава десетина сојузна држава воведоа или усвоија закони кои им забрануваат на трансродовите девојки да учестуваат во женските спортски лиги.
За Законот за еднаквост да стапи вистински на сила, мора да добие 60 гласови во Сенатот, кои е еднакво поделен на демократите и републиканците со по 50 мандати, со тоа што демократите го имаат гласот плус на потпретседателката Камала Харис којашто по должност е и претедател на горниот дом на американскиот парламент.
На законот отворено остро се протива неколку влијателни републикански сенатори, вклучително и Мит Ромни, поранешниот кандидат за републикански претседатетелски кандидат, кој рече дека ќе се спротистави законот освен доколку тон не вклучува „силна заштита на верските слободи“.