ВМРО-ДПМНЕ: Дали договорот Мијалков за два месеца да биде на слобода?

Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков, прашува ВМРО-ДПМНЕ, според која премиерот Зоран Заев не спроведува правда, туку се пазари.

„Откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго. Договорот кој требаше да значи бегство сега е заменет со договор за слобода за два месеца?

Дали Заев мисли дека граѓаните ќе му ја проголтаат оваа лага? Привидниот мир кој сега го купува ќе дојде за плаќање за два месеца, а што тогаш? Со Заев не е можна правда. Со Заев имаме само неправда. Ќе има смена на Заев, а тогаш ќе дојде правда за сите“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.