Во Скопје приведен косовски државјанин баран со потерница

Во Скопје вчера e лишен од слобода косовскиот државјанин А.Б., кој се бара по распишана национална потерница во Косово, за кривично дело „разбојништво“, сторено во декември 2020.

Лицето е задржано во полициска станица и ќе бидат преземени мерки за негово протерување кон Косово.