Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
„Регистрирани се 167 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1. Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79, 72, 67, 57), 3 пациенти од Прилеп (79, 71, 70), 2 пациенти од Гевгелија (85, 71), и по еден пациент од Куманово (77) и Битола (80). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови. Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-553, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-121, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина -1, УК Пулмологија со алергологија –1, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Авицена-318, Биотек-348, Систина-318, Лаор–424, Синлаб-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 238“, наведено е во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на ковид-19.
„Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417“, се вели во соопштението.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: