Лука Дончиќ беше главен во победата на Далас на гостувањето кај Орландо од 130-124, доминантна партија имаше и Никола Јокиќ, Денвер со 118-112 триумфираше во Чикаго.
Далас оствари важна победа на гостувањето кај Орландо Меџик, а лидер на тимот и овој пат беше Лука Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар постигна 33 поени, имаше десет скокови и девет асистенции. Во тимот на Орландо, најдобар беше Вучевиќ со 29 поени, 15 скокови и осум асистенции.
Важен триумф за борбата за местата кои обезбедуваат плејоф обезбеди и Денвер, убедливо најдобар на мечот беше Никола Јокиќ.
Србинот мечот го заврши со 39 поени, имаше 14 скокови и девет асистенции. Во составот на Чикаго Булс, Лавин постигна 23 поени, имаше и девет скокови.
Резултати:
Орландо – Далас 124:130
Филаделфија – Индијана 130:114
Чикаго – Денвер 112:118
Њу Орлеанс – Јута 129:124
Сан Антонио – Бруклин 113:124
Хјустон – Кливленд 90:101
Портланд – Шарлот 123:111