Кинеска амбасада: Подготвени сме за комуникација за набавка на вакцина

Пекинг сака да му помогне на македонскиот народ што побрзо да се вакцинира, а кинеските интитуциите се подготвени за комуникација со македонските, одговориле од кинеската амбасада за ТВ 24.

„Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, со што покажа доверба во Кина. Кинеската страна придава големо значење на македонската потреба за вакцини и ги поддржува релевантните претпријатија да комуницираат со владата на Северна Македонија за набавка на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Северна Македонија на вакцините против ковид-19 и да и помага во нејзината домашна(локална) борба против пандемијата“, истакнале од амбасадата на Република Кина во С. Македонија.