„Рено“ излета од пат, тешко повредена жена

Во вторникот утрото околу 8,25 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Кичево, во близина на крстосницата за с.Лисолај, патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.Ц. од селото Долно Оризари, битолско, излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 55-годишната В.Ц. од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.