Агуеро: Сите пари на Аргентина

Брзоногиот репрезентативец на Аргентина, Серхио Агуеро, испрати јасна порака до сите љубители на спортското обложување дека ќе напрвата голема грешка доколку не се обложат на триумф на Аргентина во финалниот натпревар.
Напаѓачот на Манчестер Сити во вистински момент се рехабилитира од незгодната повреда која ја заработи на натпреварот против селекцијата на Нигерија и најверојатно од првата минута ќе го стартува финалниот натпревар против репрезентацијата на Германија.
“Германија важи за фаворит на ова финале, впрочем Германците заедно со Бразил беа и главни фаворити на самиот почеток од мундијалот. Нам тоа воопшто не ни пречи, напротив, притисокот ќе биде врз противникот, а ние ќе можеме да го дадеме својот максимум. Ние не сме случајно во ова финале, ниту пак помислуваме на пораз. Затоа, ако некој има пари за обложување, моја порака е сите да ги стави на Аргентина”, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.