Двајца млади и малолетник приведен за растурање дрога во скопски Градски парк

Во средата вечерта двајца скопјани во двеасеттите години и малолетник се приведени од страна на полициски службеници, откако во обид за нелегална препродажба кај нив било откриено поголемо количество марихуана

„На 03.03.2021 во 20.00 часот во Градски парк во Скопје при продажба на марихуана се приведени три лица, улични дилери. При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.