Јорданов: Фунционира купувањето политичка поддршка на штета на интересите на граѓаните

Пратеникот од редовите на ВМРО–ДПМНЕ Иван Јорданов во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ кажа дека јасно е несогласувањето меѓу коалиционите парнери во власта и дека постои политичко договарање и купување кое било евиденто во средата и кое на штета на граѓаните.

„Јасно е дека има несогласување помеѓу парламентарното мнозинство и помеѓу коалиционите партнери во власта. Евидентно беше тоа дека истите тие коалициони партии по основ на одредени прашања имаа различно мислење со Зоран Заев и со практикувањето на власта и тоа се потврди во текот и на во еден момент и на вчерашниот ден што само по себе кажува дека постои одредено политичко договарање, политичко купување кое што е на штета на граѓаните. Ако навистина Зоран Заев е сигурен во неговото мнозинство зошто тогаш сам на себе за прв пат во скратена постапка без расправа си бара според деловничко право нормално бара да биде изгласана доверба на влада“, рече Јорданов.

Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Иван Јорданов појасни дека парламентарното мнозинство има секојдневни потешкотии во работењето и дека тие се рефлектираат врз работењето на собранието и дека очигледен е политичкиот договор кој што е направен.

„Очигледен е политичкиот договор кој што тие го имаат направено и ги имаат сите инструменти кои што им стојат на располагање. Знаете власта им нуди можност да направат политичко пазарење со сите политички чинители но јас ве уверувам дека сосотјбата во која што се наоѓаат не е така како што ја прикажуваат. Тие имаат сериозни и секојдневни потешкотии кои се рефлектираат на работењето на собранието изминатиот период“, заврши Јорданов.