Унгарија од понеделник во двонеделен карантин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека последната фаза од „војната против вирусот корона“ започнува со двонеделното заклучување на земјата, кое започнува во понеделник, на 8 март.

Тој за унгарското радио „Косут“ ​​изјави дека владата нема друг избор откако експертите предупредуваат на „катастрофални последици“ доколку не биде донесена ваква одлука, пренесува МТИ.

– Мораме да затвориме сега, за да се отвориме до Велигден, рече Орбан.