
Порталот Expres.mk денеска ја објави Програмата за работа што ја понудила актуелната деканка на Филолошкиот факултет Анета Дучевска за нејзиниот втор мандат од 2020 до 2023 година, во кој предлага постоечките 11 катедри да се заменат со 5 оддели, а ниту еден од нив не го содржи зборот „македонски“, односно ги нема повеќе термините „македонски јазик и македонска книжевност“.
Ова денеска во колумна за „Нова Македонија“ го откри и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
Во образложението на својата Програма, Дучевска наведува предложениот модел да се сфати како предлог, иницијатива, визија за кој треба широка расправа со цел да се дојде до најдоброто решение за факултетот. Таа прво ја наведува постојната структура на факултетот и ја нуди новата во која има „нови, преосмислени студиски групи“.
„Во своето постоење од скоро 75 години Филолошкиот факултет се идентификува преку катедри – носители на национални јазици, книжевности и култури, што сметам дека е време да се промени во идентификување преку областите во кои работи: применети јазици, лингвистика, методика и дидактика, традуктологија“, наведува Дучевска.
Според тоа, таа во својата програма која треба да се реализира до 2023 година предлага наместо 11 катедри да се воведат 5 оддели и тоа: Оддел за применети јазици, Оддел за книжевност, Оддел за лингвистика, Оддел за методика и дидактика и Оддел за традуктологија.
Во одделот за применети јазици влегуваат три модули Еднопредметни студии, Двопредметни студии и Специјализирани студии.
Во Еднопредметни студии спаѓаат: Македонистика, Албанистика, Туркологија, Англистика, Германистика, Францистика, Италијанистика, Хиспанистика.
Како што може да се види и Катедрата за општа и компаративна книжевност се претопува како предмет под А или под Б.
Сега се поставува прашањето: ќе му се извинат ли на академик Коцарев сите што го нападнаа за ширење на лажни вести?
Целата Програма прочитајте ја тука