Затворена чајџилница во Куманово, по 21 часот имало околу 20 лица

Полицајци синоќа во 22.30 часот извршиле контрола во чајџилница лоцирана на улица Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од истиот град. Констатирале дека објектот не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.

Како што соопшти денеска МВР, објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.

„По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението од МВР.