
Во Општата болница во Охрид пристигнаа уште девет контејнери, со што капацитетот на модуларната болница отворена за ковид-пациенти ќе има зголемен капацитет на 55 легла.
Според диркеторот на Општата болница Горан Балевски, моментно има слободни кревети во модуларната болница.
– Имаме лекари, интернисти, пулмолог и инфектолог кои знаат да проценат кога некој е за хоспитализација а кога не е, вели Балевски, изразувајќи надеж дека вирусот кој се прошири како светска пандемија што поскоро ќе го снема, а модуларна болница која се поставува за лекување на пациенти со ковид-19 ќе прерасне во поинаков тип болничка установа.
Во ковид-центарот во Охрид има 60 пациенти.