Челникот на локалната власт во сицилијанското гратче Корлеоне во неделата објави дека поднесува оставка откако преку ред се вакцинирал против Covid-19, а полицијата отвори истрага.
„Минав бесона ноќ размислувајќи за својата одлука и заклучив дека би било исправно да поднесам оставка, без оглед на фактот дека се вакцинирав како еден од општинските советници“, изјавил 78-годишниот Николо Николоси за италијанската службена новинска агенција ANSA.
Николоси до викендов беше началник на малото место во близината на Палермо, митологизираното историско мафијашко извориште, кое беше поврзано со легендарната филмска сага „Кум“ во режија на Френсис Форд Копола.
Италијанските медиуми во саботата известија дека полицијата спроведува истрага над шефот и другите членови на градскиот совет на Корлеоне и случајот е пријавен на локалното обвинителство.
Градот Корлеоне на своите официјални страници на Facebook потврди дека неговиот прв човек навистина уште во јануари примил две дози од вакцината, иако не бил во приоритетната група.
Италија кампањата за вакцинација ја започна кон крајот на декември, резервирајќи ги првите дози за здравствените работници и лицата постари од 80 година.
Меѓитоа, Николо Николоси тврдел и дека локалните политичари, како што е и самиот, би требало да добијат итна заштита од вирусот, како што здравствените работници на првите линии на борбата против коронавирусот.
„Началникот се вакцинираше свесно, за да спречи потенцијален контакт со вирусот да го оневозможи во извршувањето на должноста среде борбата со вирусот“, се наведува на страницата на Корлеоне.
Досега во Италија искористени се околу 5,3 милиони дози од вакцината против коронавирусот. Од вкупно 60 милиони жители на Италија, веќе 1,6 милиони да ги прима двете дози, соошти во неделата министерството за здравство.
Новиот италијански премиер Марио Драги, кој на должноста дојде во февруари, приоритетот го стави на забрзување на дистрибуцијата на вакцината, што би требало да го сузбие ширењето на пандемијата, во земјата каде што се забележани речиси 100.000 смртни исходи.